Телеком Словенија, сопственикот на ОНЕ, има намера да го зголеми својот капитал во Македонија и да го докапитализира телекомуникацискиот оператор. Надзорниот одбор на Телеком Словенија одлучил да одобри 40 милиони евра докапитализација на својата ќерка-компанија во Македонија. Со ова, словенечките сопственици ќе ја засилат својата позиција на пазарот и непречено ќе продолжат да ги развиваат проектите во сите сегменти од работењето: мобилната, фиксната телефонија, интернетот и развојот на првата безжична дигитална телевизија. Според словенечките медиуми, оваа одлука била потврдена и од врвот на Телеком Словенија, но се' уште се чека и формално правната постапка за официјално да ја информираат јавноста. Од Телеком Словенија информираат дека докапитализацијата, односно зголемувањето на капиталот во компанијата ОНЕ е знак на доверба од страна на сопствениците и поддршка на долгорочната визија за развој на компанијата.
Телеком Словенија, сопственикот на ОНЕ, има намера да го зголеми својот капитал во Македонија и да го докапитализира телекомуникацискиот оператор.
Надзорниот одбор на Телеком Словенија одлучил да одобри 40 милиони евра докапитализација на својата ќерка-компанија во Македонија. Со ова, словенечките сопственици ќе ја засилат својата позиција на пазарот и непречено ќе продолжат да ги развиваат проектите во сите сегменти од работењето: мобилната, фиксната телефонија, интернетот и развојот на првата безжична дигитална телевизија.
Според словенечките медиуми, оваа одлука била потврдена и од врвот на Телеком Словенија, но се' уште се чека и формално правната постапка за официјално да ја информираат јавноста.
Од Телеком Словенија информираат дека докапитализацијата, односно зголемувањето на капиталот во компанијата ОНЕ е знак на доверба од страна на сопствениците и поддршка на долгорочната визија за развој на компанијата. Телеком Словенија ќе ја докапитализира ОНЕ затоа што верува дека во наредните години претпријатието ќе игра значајна пазарна, иновативна и конкурентска улога на македонскиот телекомуникациски пазар. Причина за ваквата доверба се позитивните трендови што ги бележи компанијата во сите сегменти од своето работење, особено изразени во третиот квартал од годинава, а за што и формално ќе ја информира јавноста на 25 ноември.
Поддршката од Словенија доаѓа по последниот финансиски извештај, според кој ОНЕ бележи раст и тоа во сите сегменти од своето работење.
Имено, ОНЕ во првата половина од 2010 објави значително зголемување на бројот на корисници или дека има вкупно 542.436 корисници, што преставува раст за 4,2 отсто споредено со истиот период лани, и тоа раст за 5 отсто во мобилната телефонија во постпејд-сегментот, 13 отсто раст на корисничката база во интернет-услугите и 31 отсто раст во бројот на корисници во фиксната телефонија, со што над 15 отсто од вкупниот број на корисници на фиксната телефонија во Македонија зборуваат преку мрежата на ОНЕ.
3Г-сообраќајот во мрежата на ОНЕ е зголемен за 313 отсто, споредено со истиот период лани.